Македонија е рангирана на четвртото место во регионот во основните елементи за квалитетот на услугите, во истражувањето што од 23 април до 12 мај го спроведе SWOT Research во соработка со агенциите за тајно купување. Со резултат од 67,70 проценти, Македонија има две третини од потребното ниво за квалитет. Најдобри резултати забележуваме кај автосалоните, додека супермаркетите стандардно се најлоши. Туризмот и угостителството се на второ место, по нив се телекомуникациите, па услужните дејности, малопродажбата, бензинските пумпи и на претпоследно место се банките. Во четвртото по ред истражување оваа година, во споредба со лани, Македонија бележи пад од две места. Според истражувањето, Хрватска е прворангирана, местото го презеде од Словенија.
Македонија е рангирана на четвртото место во регионот во основните елементи за квалитетот на услугите, во истражувањето што од 23 април до 12 мај го спроведе SWOT Research во соработка со агенциите за тајно купување.
Со резултат од 67,70 проценти, Македонија има две третини од потребното ниво за квалитет. Најдобри резултати забележуваме кај автосалоните, додека супермаркетите стандардно се најлоши. Туризмот и угостителството се на второ место, по нив се телекомуникациите, па услужните дејности, малопродажбата, бензинските пумпи и на претпоследно место се банките. Во четвртото по ред истражување оваа година, во споредба со лани, Македонија бележи пад од две места.
Според истражувањето, Хрватска е прворангирана, местото го презеде од Словенија. Граѓаните на Босна и Херцеговина почнаа процес на освестување за важноста на квалитетот на услугата и конечно се поместија од последното место, кое годинава го презеде Црна Гора.
Во тек на истражувањето тајни купувачи од шест земји - Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија - спроведоа 800 тајни посети во различни дејности.
Kако најдобра дејност се истакнаа автосалоните, кои најмногу вложуваат во квалитетот на услугата (94,03 проценти), додека туризмот и угостителството се на второ место. На крај на листата се банките со (64,72 проценти) и супермаркетите (51,24 процент) како дејности со најголем потенцијал за подобрување.